Stay Strong

This story is written on Macedonian languange.I know that many of you can't understand what i write,but you can translate my story if you want.. :) https://translate.google.com/?hl=en&tab=TT

0Likes
0Comments
238Views
AA

8. Nina's Diary Chapter 8.

15.10.2014 Петок

Поминаа долги години..Одамна не сум пишувала..Па и немав можност за тоа послениве неколку години..Па да..како што знаете јас бев болна од рак,поминав долги и болни години во лечење и разни терапии..За малку ке умрев..но тука беше целиот медицински персонал кој се грижеше за мене и за моето здравје..Првите неколку недели не можев да се помирам со фактот дека сум болна од рак..едноставно не можев..Беше многу тешко,но со голема поддршка од Дејвид а и докторите успеав..се изборив со ракот и се надевам дека никогаш повеќе нема да се сретнам со него..Беше многу тешко за мене..тоа беше еден болен процес но бев силна и издржав..За време на мојот престој во болницата бев надгледувана од разни доктори,многу добро се грижеа за мене..но сепак,болеста го направи своето..Сега сум непрепознатлива..Ослабнав речиси 15 килограми за две години..Изгледав како костур,не личев на себе..Но се опоравив и се надевам дека во брзо време ке се вратам во форма..Токму на овој датум 15.10,за прв пат зачекорив во оваа болница со надеж дека ке излезам со насмевка на лицето..Па еве,..можеби денес бил тој ден..И после тие долги,лоши години поминати во оваа болница,која не ми донесе ниту малку радост,конечно заменувам од неа..Можам да кажам дека поголемиот дел од времето го поминував сама,читајќи книги и гледајќи телевизија..Понекогаш поради моето здравје докторите не ми дозволуваа да гледам телевизија..бидејќи зрачи,а тоа го отежнуваше мојот процес на лечење...За време на овие две години прочитав прекрасни книги..Дејвид постојано беше отсутен..Не знам точно зошто..но како што тој ми кажа последниот пат кога го видов веројатно е заминат во некоја друга држава далеку од мене,за да најде работа..Се надевам дека ја пронашол таа негова “работа“..Иако мислам дека ме лаже,сепак тоа е негов живот,негови правила..Сигурно се прашувате како тоа можам да го оставам оној кој највеќе го сакам,да го препуштам на некоја друга и да се правам како да не ми е грижа?!Чудно е нели?Знам..Но ете..за време на овие две години едноставно се изменив..Чудно е..Во текот на две недели можев да дишам чист воздух само два дена и тоа по десеттина минути..Сето тоа поради мојата проклета болест..Живиот свет го гледав само преку прозорец..Немав ниту пријатели ниту пак роднини кој би дошле да ме посетат..Знаете ли колку тоа ми недостигаше?Многу..многу..И додека седев во собата со насолзени очи,влезе медицинската сестра заедно со мојот доктор,кој пред да ме ослободи од оваа болница мораше да направи уште неколку проклети тестови,за да се осигура дека се е во ред..Откако се заврши,бев слободна..Седнав во паркот во близина на болницата со надеж дека ке дојде Дејвид..Се надевав дека се сетил на мене..Но не,тој не дојде..Не бев премногу загрижена околу тоа,повеќе не ми беше важен тој,едноставно не го чувствувам истото што го чувствував и порано..Како одеднаш да исчезнаа тие пеперутки во стомакот..го немаше тоа чувство..исчезна..Се упатив кон “нашата“ куќа,додека чекорев по патот имав некое лошо предчуство..Го занемарев тоа и продолжив понатаму..Стигнав до целта..Иии,да тука бев..Полека ја отворив вратата,која веќе беше стара..Полека се упатив кон кујната..Немаше никој,се беше толку тивко..Полека чекорев кон дневната..А таму секако..имаше што да видам..Дејвид,заедно со некоја,за мене непозната плавуша,седат на креветот и фино гледаат филм..Па и не се вознемирив толку многу..Не ми беше грижа..Па сакав да се направам “некоја“,и како да не ги гледам си седнав на столчето веднаш до нив..Им посакав едно “Добро вечер“ и си седнав како дама..А пак тие,зјапаа во мене како “теле во шарена врата“..Многу сум променета во изгледот,го знам тоа,но не побарав од нив да ми го кажат тоа..немаше потреба да ме гледаат така..Никој не се осмели да прозборе само онака ме гледаа “на криво“.Потоа Дејвид стана и ниту крив ниту должен почна да се правда..

„Нина..можам да ти објаснам“-ме убедуваше тој..
„Што тоа?Некој нов рецепт?“-се насмевнав и го свртев погледот кон телевизорот.
„Нина,те молам..Не се глупирај..сослушај ме“-повторно како да молеше..
„Што кажа?!Повтори?Кој се глупира?Јас?“-станав од столчето и застанав веднаш до него.
„Па секако дека ти.Што бараш тука?Зарем не треба да си во болница?!“-на овој негов одговор почнав да се смеам како луда..
„Што е тука смешно објасни ми?!Си поблегнала од болница!Засрами се!“-очигледно сакаше да пукнам од смеа.
„Дејвид..Изгледа си заборавил дека денеска требаше да излезам од болница?Па секако дека ке заборавиш,премногу работиш..Ти си надвор од државата и заработуваш за нашиот понатамошен живот..Многу ме сакаше нели?Знам..-не можев да ги сопрам солзите,сами извираа како река..-Јас..јас..премногу те сакав Дејвид..А ти вака ми возвраќаш?Благодарам..Не знам кој треба да се засрами..Веројатно тоа не сум јас..Ја изневери мојата љубов..Очекуваш да те молам да не ме оставиш?Не Дејвид,завршено е..Заборави ме,повеќе не постојам на овој свет за тебе..Живеј го животот со твојата убава плавуша,со која сигурно си ме изневерувал додека бевме заедно..Па гледам,многу ме сакаше,никогаш немаше да ме заборавиш и ке ме сакаше засекогаш..Нели Дејвид?Што да кажам повеќе..ги исполни својте ветувања,сега преостанува да уживаш во животот со оваа твоја плавуша..-ги избришав солзите и тргнав да си одам,кога слушнав некој глас..
„Барбара..Барбара се викам“-одговори онаа негова плавуша..
„И?Кој праша?“-се свртев со зачудување.
„Ке се видиме некоја ден Нина..Ке зборуваме..Но сега не е моментот.Биди поздравена“-одговори и се насмевна онака хистерично.
„Не биди сигурна.“-и упатив еден “лицемерен“ поглед и си заминав..




 

Join MovellasFind out what all the buzz is about. Join now to start sharing your creativity and passion
Loading ...