Stay Strong

This story is written on Macedonian languange.I know that many of you can't understand what i write,but you can translate my story if you want.. :) https://translate.google.com/?hl=en&tab=TT

0Likes
0Comments
241Views
AA

7. Nina's Diary Chapter 7.

15.10.2012 Среда

Повторно почувствував некој страв..Чувствував дека ќе се случи нешто лошо..И конечно докторот се сврте кон мене,го чекав неговиот одговор..а можев да ги видам медицинските сестри кој стоеја позади него и постојано ја мрдаа главата лево-десно..Тој ми се доближи,седна на креветот и започна..

„Нина..Ова што ке ти го кажам можеби нема да те израдува,но вети ми дека ке бидеш смирена..“-започна тој..
„Докторе..ве молам кажете ми што се случува?!Еден час седам во неизвесност..“-како и секогаш,веднаш сакав да премине на главното..
„Секако..не можеме ниту ти,ниту јас да побегнеме од вистината..што е тоа е,мораме да се соочиме со неа..“-кажа тој,а јас сеуште го чекав одговорот..
„Преминете на главното...“-само ладно одговорив јас.
„Нина..Ти...Ти имаш рак..Жал ми е,мораме да се соочиме со вистината..“-одговори тој и ја наведна главата..
„М..Молам?!Докторе,ве молам објаснете ми поопширно во врска со тоа..“-бев шокирана,ништо не разбирав..
„Нина..Тоа е еден вид на болест која ние во медицината ја нарекуваме малигина неоплазма..Група на клетки пројавуваат неконтролиран раст преку поделба надвор од нормалните граници,напаѓање и врзување со соседните ткива,а понекогаш се јавува и метастаза..Колку и да ти објаснувам Нина,нема да сватиш..Ова е медицински процес,не верувам дека го свати ова..“-ми раскажа смирено тој..
„Јас..Јас сум шокирана,немам појма што е ова и како се развива..Докторе колку се шансите за да преживеам и каков е процесот на лечење?“-сеуште бев шокирана и го очекував одговорот кој ќе ми го промени животот..
„Шансите за да се излечиш се 60%..Процесот веќе го знаеш..Има одредена терапија која ке ти помогне..“-одговори тој..
„Ви благодарам..“-Станав од креветот и се упатив кон вратата,не кажав ниту збор повеќе..

Пред вратата секако ме чекаше тој..Дејвид..Тој сигурно веќе знаеше за што станува збор,бидејќи претходно разговараа со докторот..Ниту тој не кажуваше ништо..Владееше тишината по патот кон дома..Кога стигнавме,се упатив кон мојата соба не кажувајќи ништо..Седнав на креветот и размислував..Повторно тоа чувство..Повторно ме обзеде стравот..почнав да плачам..Зарем е можно да сум јас најнесреќната личност на планетава?Зошто сето ова ми се случува мене?!Зошто?!


 

Join MovellasFind out what all the buzz is about. Join now to start sharing your creativity and passion
Loading ...