Stay Strong

This story is written on Macedonian languange.I know that many of you can't understand what i write,but you can translate my story if you want.. :) https://translate.google.com/?hl=en&tab=TT

0Likes
0Comments
240Views
AA

6. Nina's Diary Chapter 6.

14.10.2012 Вторник

Утрото се разбудив прва,барем јас така мислев..Но кога разгледав наоколу сватив дека Дејвид одамна е излезен..Станав и отидов во кујната за да си подготвам кафе,но почна да ме боли стомакот,па се предомислив и си направив чај..Во еден момент се чуствував изморено..како да немав сила да направам ништо..Додека вадев чаша,таа падна и ми се скрши..Рацете ми се тресеа,немав појма што се случува со мене..Откако искршив неколку предмети,видов дека денот ми тргнува наопаку па решив повеќе да не правам неред во куќата..Собрав тоа што беше на земјата и легнав на креветот,си пуштив филм и уживав..Гледајќи сум заспала..Ме разбуди ѕвончето на вратата,претпоставував дека тоа е Дејвид..Станав и отидов да погледнам кој е..и да мојата предпоставка беше точна,тоа беше Дејвид..Го прегрнав силно,а тој целиот беше натоварен со некакви ќеси,ниту јас не знам какви..Потоа заедно се упативме кон дневната соба,но одејќи ми се сврте во главата и паднав на земјата..ја удрив силно главата и се онесвестив..Потоа не знам што се случи..Кога се разбудив се наоѓав во болница.Околу мене имаше неколку медицински сестри,а го забележав и докторот како разговара со Дејвид..Ги затворив очите глумејќи дека спијам,сакав да слушнам за што станува збор,бидејќи како и да е ќе ме излажат и нема да ми ја кажат вистината доколку е нешто лошо..Но изгледа не глумам добро..докторот виде дека глумам па веднаш ја смени темата и се упати кон мене..

„Нина,како се чувствуваш?“-Ме прашаше тој и упати мала насмевка допирајќи ми ја косата..
„Па..добро сум.“-Му одговорив насмевнувајќи се..
„Дали би сакала да дојдеш со мене за да направиме неколку ренген снимки?“-Повторно ме прашаше тој.
„Докторе,кажете ми отворено за што се работи не сум мало дете?..“-Прашав јас,со страв сепак..
„Не сум сигурен ниту јас драга Нина..Затоа мораме да направиме снимки за да можам да видам за што точно се работи“-Ми кажа тој..
„А за што мислите дека се работи?“-Бев упорна со моите прашања..
„Нина,те молам не биди упорна..Дојди со мене и ке видиме за што се работи..“-Изгледа му здосадив со прашањата..
„Во ред,во ред..“-Секако,морав да попуштам..

Цело ова време,Дејвид стоеше на страна како статуа некоја..Не се помрднуваше..Во секој момент мислев да станам и да му мавнам еден шамар,ама сепак докторот беше упорен па попаметно беше да одам со него..Отидовме во некоја си сала,легнав на креветот и ме снимаа,долго разговараа со медицинските сестри,а јас бев во неизвесност..Целата треперев,не знаев што се случува..Многу малку фалеше да заплачам..


 

Join MovellasFind out what all the buzz is about. Join now to start sharing your creativity and passion
Loading ...