Stay Strong

This story is written on Macedonian languange.I know that many of you can't understand what i write,but you can translate my story if you want.. :) https://translate.google.com/?hl=en&tab=TT

0Likes
0Comments
237Views
AA

5. Nina's Diary Chapter 5.

13.10.2012 Понеделник

Повторно јас и моите проблеми..Досадна сум знам,ама тоа е..живот.Цела ноќ седев и го чекав Дејвид..Патем,почнав да кажувам за чуствата кон него,но нешто ме спречува,а што..ниту самата не знам..Чуствувам нешто кон него,ми се допаѓа како изгледа..Сега сигурно помисливте дека ми е важен само надворешниот изглед..Хах,не сум таква,многу научив од животот,не ги ценам луѓето по надворешниот изглед,туку по внатрешниот..Сите треба тоа да го прават,но како што можам да видам,ретки се таквите луѓе..Ахам,каде застанав?А,да..Има небесно сини очи,како море..Да ги видиш,ќе потонеш во нив,ќе се заљубиш на прв поглед..Но ова моево е на шести поглед ама нема врска,оправдано е..Гледате,се обидувам сама себеси да се насмеам со моите глупости,кој е како мене..?Хмм..Има црна коса,а има и мускули хахахаха..Што да кажам повеќе,совршен е..Хм,ако се сеќавам добро,тој кажа дека нема девојка..А можеби излажа?Но..,не е можно да ме сака мене..Кој ќе сака една ваква грда девојка како мене?Доволна му е неговата тажна приказна,ако ја слушне мојата,можам да очекувам и да ме исфрли од неговата куќа..Ма не..Што зборуваш Нина?Дали си нормална?Тој е добар,нема да го направи тоа..А што ако го направи?Не,не престани со глупостите,доволно е..Станав и отидов да си направам кафе,секако ако се снајдам во неговата кујна..Гледав наоколу да не е дојден,но не беше..Се упатив во кујната,бев занесена..размислував за нешто,а не знам за што..Одеднаш некој ме фати за половината..Се преплашив,почнав да молам да не ме повредува..а немав храброст да се свртам и да видам кој е тоа..Почнав да плачам,а слушав како тој “некој“ се смешка..Не знаев што да правам..Одеднаш тој кажа нешто..

„Нина,сакаш ли да ми бидеш девојка?“-кажа “непознатиот“..

Престанав да плачам,се смирив малце..Го познав тој глас,знаев дека е тој..повторно ми се помешаа чувствата..сеуште бев исплашена,целата треперев,истовремено бев и среќна и заљубена..За миг во главата ми се појави некој “филм“..Јас бев многу мала,имав околу 2-3 години..Мајка ми и татко ми беа скарани,што мене многу ме повредуваше,тогаш тој дојде во нашата куќа и и го постави истото прашање кое ми е поставено моментално мене..За миг ги затворив очите..А потоа,собрав сила и се свртев кон него..Беше во неизвесност..не знаеше што ке кажам..Ништо не кажав,само го прегрнав..Иако многу сакав силно да кажам ДА,како да немав храброст..во овој момент ми беше потребна една топла силна прегратка..и за прв пат во мојот живот ја добив..се чувствував среќно,неколку солзи се тркалаа по моето лице..но овој пат беа солзи радосници..Се надевам дека тој,свати дека мојот одговор на некој начин е да..Така прегрнати стоевме неколку минути,а потоа тој ме оттргна од себе и ме фати за раката..Беше толку добар..нежен..Ова чувство сум го немала со години..многу долго време..Ми предложи да гледаме филм,јас кимнав со главата,како и таа проклета ден кога ја загубив мојата најдрага,најдобра..мајка..повторно бев како “мртва“..Постојано се потсетувам на истото,постојано и постојано..Со Дејвид отидовме во собата и седнавме на креветот,тој го пушти филмот кој заедно го одбравме..Тој веднаш штом го пушти дојде до мене,седна и ме прегрна..Јас легнав на неговото рамо..Како во филмовите,хах..Така уживавме,барем јас уживав не можам истото да го кажам и за него,не ги знам неговите чувства..Сега за сега мислам дека ме сака..Но што ако не е така?Камо среќа да можев да влезам во неговото срце..да копам длабоко и да го најдам одговорот..Ах таа моја фантазија..


 

Join MovellasFind out what all the buzz is about. Join now to start sharing your creativity and passion
Loading ...