Stay Strong

This story is written on Macedonian languange.I know that many of you can't understand what i write,but you can translate my story if you want.. :) https://translate.google.com/?hl=en&tab=TT

0Likes
0Comments
238Views
AA

4. Nina's Diary Chapter 4.

12.10.2012 Недела

Што да кажам повеќе..Немам зборови со кој би опишала каков е мојот живот..Повторно почнувам со тоа,иако ниту самата не сакам..Како и да е,со финиот дечко заедно појадувавме,а можеби и ручавме или пак вечеравме..Ниту јас не знам,изгубена сум во овој свет,како времето да не постој..После толку време тишина,тој реши да ја разубави атмосферата,па ме прашаше како се викам..

„Нина“..-одговорив јас.
„Ммм..Прекрасно име.Јас сум Дејвид“-кажа тој,и благо се насмевна.
„Мило ми е.“-возвратив јас,повторно со мојата лажна насмевка..

Повторно тишина..Ах,таа тишина..Ме убива..се гушам..не можам повеќе,се ме потсетува на таа ноќ,таа проклета ноќ..Подобро да умрев отколку да го доживеам тоа..Почнав да се плашам од самата себе,почнав да полудувам..не знаев што се случува со мене..Повторно почнав да плачам..Веројатно сум заспала..Кога се разбудив,се најдов на еден кревет..А до мене беше тој..Не знаев со каква намера се наоѓа тука,дали лоша или пак добра?Повторно се потсетив на таа ноќ.ПРОКЛЕТО НЕКА Е!Седев на креветот и чекав да се разбуди Дејвид,или како и да му беше името..нека оди по ѓаволите.И да,конечно го дочекав тој момент кога му текна да се разбуди..Ме погледна онака збунето и изгледа свати дека не ми е сеедно што е до мене..Набрзина стана и седна на креветот,долго гледаше во подот,навистина не знам што интересно има таму?Глупак..

„Ова..Јас..“-не знаеше што да каже..
„Во ред е.“-одговорив јас и ја свртев главата.
„Знам дека не ти е сеедно,го забележав тоа..Ама сослушај ме..“-постојано ме убедуваше дека нема лоша намера.
„Реков дека е во ред,не се правдај.“-му одговорив,но изгледа по се има намера да ми се правда додека не го сослушам.
„Ама..Имаше температура,претходно плачеше многу,не знаев што да правам..Ти заспа,јас те донесов овде и на секој можен начин се обидував да ти ја намалам температурата..И ете сум заспал тука..Немав лоша намера,се извинувам многу.“-кажа тој
„Во ред е.Колку пати треба да ти кажам?“
„Извини..Ммм би можеле да се запознаеме доколку сакаш?“-понуди тој и се насмевна.
„Може..“-возвратив јас.
„Па,кој ке започне прв?“-почнавме да се смееме како луди,иако не знам што беше смешно..Изгледа се смеев од тага,од гнев,омраза..
„Ајде ти..“-му реков јас.
„Хм,дамите имаат предност,ама добро.“-направи некоја смешна фаца со цел да ме насмее,му успеа веројатно.
„Хаха,ајде не глуми,започни веќе еднаш.“-го мавнав со перницата,а тој почна да се смее.
„Па,вака..Јас сум Дејвин Грин,роден сум и живеам во Лос Анџелес..Ceкако дека ти му се восхитуваш на овој град,но јас не..Се,се случи тука..сите спомени..сите..останаа тука.Мајка ми беше болна од рак,почина пред 6 месеци..А пак татко ми..Што ли е тој?Животно..Не можам да го замислам каков е,одвратен!.Се срамам што имам таков татко,се срамам..Можеби смешно,но во моментов не знам ниту каде е,ниту што прави а и не ме интересира,одамна го избришав од животот..Од тогаш,ја изнејмив оваа куќа и тука ми е добро..Немам другари,ниту девојка,ниту роднини..Осамен сум..Многу осамен..Никогаш во животот немав поддршка од никој,од никој..“-изгледа не сакаше да го каже ова после толку време,му отвара големи рани како што можев да забележам..

Почна да плаче,не знаев како да го смирам..Од секогаш во животот сум мислела дека машко кое плаче не е вистински маж,дека е мамина галеница..Но сега оваа мисла добива сосема друга приказна..сега сваќам дека не е така..тој е сосема осамен,нема никој,исто како и јас..Се запрашувам зошто животот е толку суров?Зошто некој деца се препуштени сами на себе?Зарем нема правда на овој свет?!Ќе ми одговори ли некој на прашањето,или пак никој не го знае одговорот?!Долго седевме така,никој од нас не се осмелуваше да прозбори,само тишина,тишина и тишина..Одеднаш тој стана и замина некаде..Сакав да станам и да отидам по него,да го прашам каде оди..но не..Немав храброст после ова што ми го кажа..Мислев дека сака да остане сам,но се плашев..да..се плашев да не му се случи нешто..Сигурно помисливте дека сум полудела бидејќи се грижам за некој странец кој го запознав пред 1 ден..Јас..чуствувам нешто кон него..Неговата приказна ме погоди многу длабоко во срцето..Многу....



 

Join MovellasFind out what all the buzz is about. Join now to start sharing your creativity and passion
Loading ...