Stay Strong

This story is written on Macedonian languange.I know that many of you can't understand what i write,but you can translate my story if you want.. :) https://translate.google.com/?hl=en&tab=TT

0Likes
0Comments
243Views
AA

3. Nina's Diary Chapter 3.

11.10.2012 Сабота

Да токму така..Никој и ништо.Откако мајка ми замина можеби поминаа 2-3 часа..Не знам ниту самата..Постојано седев и размислував,па решив да станам и да си заминам дома,да ги спакувам стварите што ги имам и да одам на друго место..Одејќи кон дома..Што би рекла јас,по патот одев како “мртва“..Сите ме гледаа..Но овој пат навистина не ми беше гајле за никој друг..Бев замислена,видов толпа луѓе кој се собрале,не обрнував внимание и продолжив да одам..Но некој од оние љубопитните,се удри во мене и јас паднав..Ми се извини и ми помогна да станам..Дури тогаш,се освестив и се “вратив“ во реалниот свет..Прашав што се случува,а тој ми рече дека веројатно имало некаква сообраќајка..Ме фати за раката и ме водеше некаде кон толпата..Тоа не ми се допадна..Сакав што побрзо да си одам дома,а ова воопшто не ме интересираше..Но,ниту самата јас не знаев што ме очекува таму..Се спровнавме низ толпата луѓе за да видиме кој настрадал во сообраќајката..Кога го видов лицето се шокирав,малку фалеше да се онесвестам..Тоа..Тоа беше мајка ми..Да,токму таа..Паднав на земја..Ја прегрнував,плачев,врискав..Момчето ме прашаше што ми е жената..Низ плач одговорив дека тоа е мајка ми..Се запрашував зошто ова ми се случува мене?!Таа ми беше единствената поддршка во животот..Повеќе немам никој..Сигурно помисливте дека не ми е добро па сум го заборавила татко ми..Хах..,не можам да го наречам татко тоа животно..Ми го одзема детството,тинејџерството..Ми го одзеде животот..Тој е едно ѓубре кое не вреди ни пет пари..Ми се мешаа чувствата..Не знаев што чувствувам..Тага,омраза..Не можев да се контролирам..Сега сум сосема безпомошна..Немаше каде да одам,каде да престојувам..Немав поддршка во животот..Набрзо пристигна амбулантата,го земаа телото и го завиткаа..Јас,се расправав со докторите,од гнев не знаев што правам..Ми соопштија дека е мртва,а јас не можев да ја прифатам вистината..Момчето,на кое не му го знам ниту името,беше постојано до мене..Јас плачев,а и тој сакаше да заплаче,но не сакаше да го нарпави тоа..,не сакаше да покаже слабост пред мене,тоа го забележав..Тие проклети доктори не ми дозволија да одам заедно со нив во болница,ми кажаа дека повеќе нема што да се направи..Паднав на колена,плачев непрекинливо..Сите луѓе кој беа околу мене ме сожалуваа,почнав да ги мразам сите..,во еден момент сакав да станам и да ги убијам сите,да им покажам дека не треба да ме сожалуваат,дека треба да си ги гледаат својте животи..Но не можев..Немав сила за да го направам тоа..Откако сите си заминаа,некако се смирив..Момчето беше сеуште до мене..Ме прашаше дали имам дом..А јас постојано одрекував..Ронев солзи,бидејќи немаше каде да одам..Тој само благо ми упати неколку зборови „Не грижи се“..Потоа стана,ми помогна и јас да станам..И заедно одевме некаде..Ниту самата не знаев каде..Што и да се случеше повеќе не ми беше важно..Немав за што да живеам повеќе..И да умрам,нема да жалам..Но сепак,на крајот испадна дека немал лоши намери,ме одведе во неговиот дом,ми кажа дека можам да се чувствувам како да сум во својот дом..Така и направив..Легнав на креветот,а набрзо тој ми донесе чај и колачиња..Не можев уста да отворам..Не ми се јадеше ништо..Но ете,тој успеа и ме наговори некако..Ми кажуваше нешто,а јас само со знаци му одговарав,можеби помисли дека не можам да зборувам..Но,како и да е ми изгледаше на фино момче..После некое време сум заспала..После толку умор..Тој седеше веднаш спроти мене,веројатно и тој заспал..Не сакав да го разбудам,па станав и отидов да се обидам да направам нешто за јадење..Тој се разбуди од миризбата..Хах,не знам ниту како се вика,а му готвам јадење..Но,добро..Сепак ме прими во својот дом..Ми се заблагодари,а јас упатив една мала можеби и лажна насмевка...


 

Join MovellasFind out what all the buzz is about. Join now to start sharing your creativity and passion
Loading ...