Stay Strong

This story is written on Macedonian languange.I know that many of you can't understand what i write,but you can translate my story if you want.. :) https://translate.google.com/?hl=en&tab=TT

0Likes
0Comments
240Views
AA

2. Nina's Diary Chapter 2.

10.10.2012 Петок

Во тивката ноќ, слушнав како вратата се отвара.. Се преплашив, пребледев.Се прашував кој ли е тоа?Одеднаш слушнав како нешто се скрши.. Се исплашив уште повеќе. Почнаа да ми се насолзуваат очите, седев на креветот незнаејќи што понатаму.. Слушнав како некој се доближува до вратата од мојата соба.. Се преплашив уште повеќе.. Но, сега веќе знаев кој е тоа.. Мојот татко,  да токму тој..И оваа вечер до доцните часови останал во некој бар и пиел, па сега не знаеше што прави.. Ниту самата не знаев што ме очекува.. Единствено што знаев,е дека кога е пијан, може се да се очекува од него,.. па дури и најлошото.. Полека се отвараше вратата од мојата соба, а јас целата се виткав и не знаев што да правам.. За среќа, од некоја страна се појави мајка ми и го праша што прави..  Тој повторно ја затвори вратата и го повиши тонот на својот глас.. Се расправаа со мајка ми,што беше многу очекувано, мислев дека и оваа вечер како и секогаш ке се расправаат долго, а потоа татко ми повторно ке отиде во некој бар. Но не.. Овој пат не беше така.. Одеднаш слушнав како некој од нив двајцата ја скрши вазната.. Се преплашив, знаев дека работава не оди на добро.. Мајка ми, веројатно не знаеше како да реагира, почна да му кажува како да ги поправи грешките,му кажуваше дека не изгледа на човек, дека е животно.. Но тој не се воздржа,.. ја удри силно,.. и таа падна на земјата. Долго не го слушнав нејзиниот глас. Веројатно ја повреди главата, почнав да плачам.. Како што можев да забележам тој се доближуваше до мојата соба, уште повеќе се плашев.. Едноставно пребледев,бев во бесознание.. Седев на креветот, целата свиткана со солзи во очите..Тој ја отвори вратата,јас само замижав на неколку секунди,а кога ги отворив очите можев да го видам како стој до вратата и се смее онака хистерично..Знаев дека ќе се случи нешто лошо,чуствував..Но бев немоќна,не можев да направам ништо за да го спречам..Се доближи до мене,целата треперев..Дојде до мене,..почна да ме прегрнува..Се обидов да го оттргнам од мене,го туркав со рацете,но ништо не помогна..Почна да ме бакнува,..неговата намера беше повеќе од очигледна..Почнав да плачам и да врискам,но во оваа доба од ноќта имаше ли некој за да ме слушне?Бев безпомошна во тој момент..Посакував,да дојде некој и да го убие,да дојде некој и да ме спаси..Зошто ми се случува ова мене?ЗОШТО?!Врискав,плачев но имаше ли некој да слушне?!Секогаш,кога мене ми е потребна помош,никој не слуша..Како да снемува луѓе на планетава..Зошто сум толку безпомошна Господе?Зошто?Се случи,тоа што не требаше да се случи..Се срамам од својот татко..Се срамам и тоа многу..Се срамам од самата себе..Зошто постојам на оваа планета?!Јас..Јас..сум само едно невино суштество кое не заслужува да му се случува ова..Се разбудив утрото,не бев при свест..Ми се вртеше во умот..Не знаев каде се наоѓам..Ја видов мајка ми како седи до мене и плаче..Гледав само во една единствена точка,ниту јас самата не знаев каде..Летав со умот,фантазирав нешто,но ни самата јас не знам што..Се потсетив што се случи минатата ноќ..Почнав да плачам и да врискам..Мајка ми беше до мене и ме смируваше,..ме прегрнуваше и ми велеше дека се ке помине,дека ке заборавам..Но како?Јас..Јас навистина не можам да го поднесам ова..Мајка ми,ми предложи да излеземе надвор..,да земам воздух..Само кимнав со главата во знак на одобрување..И,онака седев на креветот како статуа,не се помрднував..Дојде таа повторно..Станав и отидовме..Цело време нешто ми зборуваше,но јас како да не бев присутна..Ми се причинуваше дека секој човек ме гледа и ми се смее..Се срамев од луѓето околу мене,се срамев од се..Почнав да плачам,а тогаш привлеков уште поголемо внимание..Не знаев што да правам..Ја прегрнав мајка ми,а потоа заедно отидовме покрај морето и таму седевме..Седевме во тишина,се додека не и заѕвони телефонот,а откако исклучи таа ми рече дека имала некоја „важна“ работа..Хах..,зарем има поважна работа од здравјето на својата ќерка?Ете,и сами видовте колку се грижат за мене..Што зборувам јас?Кому му е гајле за мене?Која сум јас?Што сум јас?Има само еден едноставен одговор..НИКОЈ И НИШТО!.


 

Join MovellasFind out what all the buzz is about. Join now to start sharing your creativity and passion
Loading ...