Stay Strong

This story is written on Macedonian languange.I know that many of you can't understand what i write,but you can translate my story if you want.. :) https://translate.google.com/?hl=en&tab=TT

0Likes
0Comments
236Views
AA

1. Nina's Diary Chapter 1.

09.10.2012 Четврток
Зошто овој живот е толку суров? Зошто?! Дали некој го има одговорот? Постојано го барам,но никој не знае да ми каже,сите молчат.. Зошто? Можеби затоа што се плашите од вистината? Вистината боли, знам и тоа како.. Мојот живот е таков, суров..Осамена сум а ни самата не знам зошто. Секојдневно сум сведок на несогласувањата на моите родители, постојано караници, караници и караници...Зошто Господе? Што ти згрешив јас за да ми се случува ова мене? Постојано во училиште сум исмејувана од страна на моите соученици, а и од останатите ученици.. Дали можете да претпоставите како ми е мене? Секако дека не. Немам пријатели, како што кажав претходно јас сум само една обична „бубалица“. Постојано сум исмејувана, па кој би сакал да се дружи со ваква „глупача“ како мене? Јас сум причината за несогласувањата на моите родители, да секако, јас и никој друг..Не сум јас крива затоа што мајка ми не ме сака, не сум јас крива затоа што татко ми е пијаница.. Јас сум само едно невино суштество кое мислам дека подобро би било да не постој на овој свет.. Подобро да не сум се родела, отколку да го трпам ова што се случува.. Не...едноставно не можам, доста е..Но што да правам? Ја немам таа храброст да им се спротиставам, едноставно не можам.. Да се спротиставиш против нив е исто како да се спротиставуваш на целиот свет.. Можеби изгледам како девојка која има се што ќе посака, но не.. Би било добро да е така. Секој ден се смеам, но тоа не значи дека сум среќна.. Длабоко во мене плачам.. да така е, глумам среќна но не сум.. Навечер кога ќе легнам да спијам, или барем сите така мислат,постојано размислувам и секогаш си го поставувам прашањето „Што понатаму? Што ке се случи со мојот живот?“, не знам ниту самата што понатаму. Зошто не можам едноставно и јас да бидам како сите останати тинејџерки, да лудувам по ноќните клубови, да правам што ќе посакам без никој да ме спречи.. Зошто? Јас немав детство, а нема ниту да имам.. На овие мој години, кога треба да сум луда тинејџерка, јас сум домаќинка, ги извршувам сите работи кој треба да ги извршува мојата мајка, не само мојата, сите останати ширум светот.. Се навикнав веќе, во мојата куќа сум како слугинка,за тоа и ме сметаат..П онекогаш се прашувам дали воопшто мајка ми и татко ми ме сакаат? Дали јас им значам нешто? Хах,веројатно не.. Заборавив да се претставам. Се викам Нина Анистон и имам 16 години.Живеам во Лос Анџелес, за некој е прекрасен град, а пак за мене? За мене во него има само лоши спомени и секогаш така ќе остане..


 

Join MovellasFind out what all the buzz is about. Join now to start sharing your creativity and passion
Loading ...